Актуелно
Туристичките работници од Охрид и Струга бараат одложување на учебната година
Мајските случувања во земјава, јунските временски прилики ја скратија туристичката сезона и многу аранжмани беа откажани, па затоа сметаме дека од одложувањето на почетокот на учебната година на 15 септември бенефит ќе имаме сите, сметаат туристичките работници од Охрид и Струга.
Тие велат дека ваква мерка веќе се применувала во некои од соседните земји.
Продолжувањето на учебната година до 15 јуни или одработување на тие денови во текот на годината воопшто не треба да претставува никаков проблем во реализацијата на образованиот процес, стои во соопштението на туристичките работници.