Актуелно
Убиецот на двајцата новинари во Вирџинија веројатно бил поранешен вработен во нивната телевизија
Гувернерот на американската сојузна држава Вирџинија Тери Маколиф изјави дека осомничениот убиец на двајцата новинари од локалната телевизија, кои беа застрелани при директен пренос, бил идентификуван.
Тој најверојатно е поранешен вработен во телевизијата и полицијата трага по него. Осомничениот избегал со автомобил од местото на настанот.
Репортерката Алисон Паркер (24) и фоторепортерот Адам Ворд (27), кои работеле за вирџинската телегизија Даблју-Ди-Би-Џеј Севн (WDBJ7) беа застрелани изутрината по локално време во градот Монета, додека во живо правеле интервју за локален трговски центар.
Убиството буквално во живо беше прикажано на телевизијата, за која работеа новинарите. Додека репортерката интервјуирала посетителка на молот, одекнаа најмалку осум истрели и камерата на нејзиниот колега паднала на земја. Таа продолжила да работи и ги снимила нозете на напаѓачот, како и последните врисоци на новинарите.
Противречни се информациите за интервјуираната жена. Според некои медиуми таа останала неповредена, а според други била ранета.
Кусо по убиството еден од водителите во телевизијата, Крис Харст напиша на Твитер дека убиената Алисон и тој планирале наскоро да се венчаат.