Актуелно
Убиено 19-годишно момче во Скопје
Деветнаесетгодишно момче починало откако со убодна рана од остар предмет е донесено во Градската општина болница „Наум Охридски“ во Скопје.
Со него било донесено уште едно лице родено 1995 година кое имало расекотина на увото и по укажаната лекарска помош е пуштено на домашно лекување.
Двете лица биле примени во болницата околу 19:30 часот, а 19-годишното момче починало околу 20:15 часот.
Полицијата работи на расчистување на случајот и на откривање на причините поради кои дошло до убиството.