Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УБИСТВО ВО СВЕТИ НИКОЛЕ: Полицаец во самоодбрана застрелал возач кој сакал да го прегази

Актуелно

Во Свети Николе синоќа во близина на Стопанска банка се случило убиство. Жртвата е триесетгодишен жител на Свети Николе, во кого во самоодбрана од службено оружје пукал полицаец.

Основното јавно обвинителство-Штип во врска со убиството во Свети Николе, соопшти дека го истражува настанот во кој по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, се наведува во соопштението, ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружјеВо Свети Николе синоќа во близина на Стопанска банка се случило убиство. Жртвата е триесетгодишен жител на Свети Николе, во кого во самоодбрана од службено оружје пукал полицаец.

Основното јавно обвинителство-Штип во врска со убиството во Свети Николе, соопшти дека го истражува настанот во кој по напад на овластено службено лице беше употребено службено оружје.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Штип, се наведува во соопштението, ги презема потребните дејствија за да ги расветли причините за употребата на огнено оружје од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вечерта при вршење на службени дејствија со пиштол лиши од живот едно лице.

Според првичните сознанија, стои во соопштението од ЈО, полицаецот при вршење на службени дејствија, забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „Ладата“, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и туркање да се спротиставува на службеното лице. Потоа, се појаснува во соопштението од ЈО, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на „Ладата“, триесетгодишен жител на Свети Николе, потоа во два наврата, движејќи се по патот и вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот. од страна на полицаецот од Полициската станица Свети Николе, кој вечерта при вршење на службени дејствија со пиштол лиши од живот едно лице.

Според првичните сознанија, стои во соопштението од ЈО, полицаецот при вршење на службени дејствија, забележал возило „Лада“ кое се движело со голема брзина и велосипед кој се движел пред него. Возачот на „Ладата“, видно лут од велосипедистот поради тоа што тој се движел пред него и му пречел во движењето, го запрел возилото и започнал вербална и физичка расправија. Полицаецот пристапил, ги одвоил лицата и започнал со легитимирање на возачот на патничкото возило, кој пак давал отпор и започнал со тегнење и туркање да се спротиставува на службеното лице. Потоа, се појаснува во соопштението од ЈО, возачот седнал во возилото и започнал да го движи по патот држејќи го полицаецот за рака, влечејќи го десетина метри по патот, при што од брзината на движење полицаецот паднал на патот.

Возачот на „Ладата“, триесетгодишен жител на Свети Николе,  потоа во два наврата, движејќи се по патот  и вртејќи полукруг се враќал кон полицаецот обидувајќи се да го прегази. Во неговиот втор обид бил спречен од страна на полицаецот кој во полуседечка положба употребил огнено оружје и притоа му нанел огнострелна рана, од која лицето починало.

Надлежен обвинител продолжува со истражните дејствија со цел да се утврдат фактите и доказите во предметот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.