Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Учениците од „Арсени Јовков“ пуштени на домашно лекување

Актуелно

Учениците од „Арсени Јовков“ пуштени на домашно лекување

Четиринаесет ученици од Средното економско и правно училиште на Град Скопје „Арсени Јовков“ кои со симптоми на кашлање и солзење на очите вчера попладне и вечерта биле примени на Клиниката за токсикологија, се пуштени на домашно лекување. Тројца ученици кои со истите симптоми вчера биле примени во Градската општа болница „8 Септември“, исто така се пуштени на домашно лекување.

Доктор Нестор Поповски од Клиниката за токсикологија денеска изјави дека од примените ученици, еден бил задржан на хоспитализација и по неколку часа е пуштен на домашно лекување.

– Сите направени испитувања беа во границите на нормала така што ниту едно дете не е во каква било опасност. Може и денеска да има некои тегоби во смисла на кашлање и печење на очите, но други симптоми нема. Денеска четири – пет лица дојдоа на контрола, немаат никакви посебни симптоми и дадена е терапија повеќе за иритација на очите, рече Поповски.

Појасни дека вчера земените материјали за анализа испратени се на испитување, а резултатите веројатно ќе бидат негативни.

– Мислам дека тоа било детска игра, детска шега, отколку нешто посериозно. По кажувањата на професорите, имало чад. Може да биле и димни бомби. Ние точно не можеме да кажеме за што се работи. Според мене, ако е солзавец тоа е поголема количина, би се јавиле повеќе луѓе и симптомите би биле повеќе изразени. Ова е обична иритација без некои компликации. Никој не се јави со компликации, додаде доктор Поповски.

Во врска со случајот МВР соопшти дека вчера околу 15:50 часот од страна на лице вработено како обезбедување во СУГС „Арсени Јовков“, пријавено е дека во училиштето за време на големиот одмор засега непознато лице или лица испрскале непозната иритирачка материја.

Веднаш по пријавувањето на настанот од страна на полициски службеници од СВР Скопје, преземени се мерки и активности и од извршените разговори е констатирано дека истиот ден за време на големиот одмор од втората смена, повеќе ученици почнале да излегуваат во училишниот двор и да се жалат на печење во грлото, носот и очите.

Одговорното лице за физичко обезбедување во училиштето, кој бил во училишниот двор за настанот веднаш ја известил директорката на училиштето, која повикала Итна медицинска помош, со чии возила учениците се пренесени и хоспитализирани во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ на Институтот за токсикологија и во ГОБ „8 Септември“, при што на сите им е констатирана иритирачка кашлица и гушење, предизвикана од непозната материја и по укажаната помош сите се пуштени на домашно лекување. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.