Вести
УХМР најави нов влажен и студен воздушен бран од среда
Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето со пораст на дневната температура, која ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.
Во среда, под влијание на нов влажен бран, ќе има врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во северозападните, северните и источните делови од земјата.
Локално се очекува да наврнат над 25 литри на квадратен метар воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен правец. Во вечeрните часови и во текот на ноќта кон четврток поради спуштање на постуден воздух од север, на планините врнежите ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.
Ветерот ќе го промени правецот во северозападен и во четврток и петок ќе дува со засилен интензитет. Дневната температура ќе опадне и ќе се движи од 9 до 17 степени.
– Повторно стабилизирање на времето се очекува од петок. Поради разведрувањето, во деновите од викендот утринските температури на места ќе се спуштат под нула, додека дневните ќе бидат во пораст, особено во недела, соопшти УХМР.