Актуелно
УХМР: Од вторник повторно затоплување со високи температури!
Од вторник до петок (15-ти до 18 септември) подрачјето на Македонија ќе биде под влијание јужно воздушно струење и доста топла и сува воздушна маса од Медитеранот која ќе предизвика и доста топло време за овој дел од годината, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
На одредени места дневната температура ќе се искачи и до 36 степен.
Постепено опаѓање на температурата на воздухот се очекува од сабота (19 септември), кога во текот на денот ветерот ќе го промени правецот во северен.