Актуелно
Умерен земјотрес на границата меѓу Словенија и Хрватска
Земјотрес со интензитет од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран изутрината во 8:53 часот во Словенија, а потресот беше почувствуван и во Загреб.
Овој земјотрес следеше околу еден час по земјотресот од 4,9 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди Албанија, а се почувствува и во Црна Гора и Македонија.
Епицентарот на земјотресот во Словенија беше во Брежице на длабочина од пет километри и се почуствува во поголемиот дел од Загреб, кој од епицентарот е оддалечен 35 километри.