Актуелно
Уште двајца полицајци загинаа во судирите во Куманово: Бројката се искачи на осум
Уште двајца полицајци ги загубија животите по судирот со терористичката група во Куманово, пренесуваат дел од медиумите повикувајќи се на болнички извори. Од вкупно загинатите осум полицајци, досега е познат идентитетот на шестмина.
По акцијата што се спроведува од вчера изутрината во Куманово од претпладнето е мирно. Во акцијата се повредени над 30 полицајци кои се хоспитализирани на скопските клиники.
Претседателот Иванов за попладнево свика седница на Советот за безбедност во проширен состав.