Вести
Уште една врнежлива ноќ за средношколците во Паркот на новинарите: Денес се очекува нова средба со МОН
Средношколците и денеска продолжуваат да кампуваат во Паркот на новинарите, спроти Министерството за образование и наука во очекување на новата средба во МОН.
Премрзнати, но истрајни, средношколците ја минаа втората вечер во кампот пред Министерството за образование и наука. Со чај во рака, криејќи се под чадори и тенди, тие се справуваат со дождот кој не престана да врне цела ноќ.
– „Секој ден бројот на средношколци кои преспиваат во кампот се зголемува. Ноќеска преспаа над 70 средношколци. Поддршката е се поголема, како од граѓаните, така и од родителите и професорите“, велат од Средношколскиот пленум.
Учениците добиваат огромна поддршка и од професори кои не преноќуваат со нив, а истите по завршеното работно време одат во кампот со кеси полни храна и вода, но и поддршка.