Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Уште пет кривични пријави за насилниот упад во Собранието

Вести

Уште пет кривични пријави за насилниот упад во Собранието

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје до Основно јавно обвинителство – Скопје денеска поднесе кривични пријави за уште пет лица за настаните во Собранието, за кои постојат основи на сомневање дека извршиле кривично дело „Учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл 385 од КЗ на РМ.

Како што информира МВР, новите кривични пријави се  поднесени врз основа на прегледани видео записи добиени од медиумски куќи, како и видео записи од безбедносните камери во Собранието на Република Македонија. Со тоа вкупно 20 лица добија кривични пријави за настаните што се случија во четвртокот на 27 април во Собранието на Република Македонија.

Кривично пријавени се лицата Д.П. (33) од Скопје, Т.Т. (53) од Куманово, В.Т. (40) од Скопје, И.С. (44) од Велес и В.Ц. (33) од Скопје, кои со употреба на физичка сила, насилно влегле во Собранието во време кога се одржувала прес-конферецијата за избор на претседател на Собрание при што со употреба на физичка сила и закани сториле насилства спрема луѓе и оштетиле имот.

– Откако пријавените влегле во салата 3 во Собранието на Република Македонија, И.С. со фантомка на главата упатувал закани и пцовки кон присутните со што кај нив предизвикал страв и загрозеност, по што ја извадил фантомката и не преземал други дејствија, Т.Т. со тупаници ги нападнал пратениците и фрлал со тврди предмети кон нив и нивното обезбедување, В.Т. со лакт ја удрил пратеничката Р.Ш. во пределот на грбот, а со ПП апарат прскал дел од пратениците кои биле во близина на лифтовите. Пријавениот В.Ц. кон претседателот на СДСМ упатувал пцовки и закани, притоа употребувајќи разни заканувачки гестикулации, а Д.П. со тупаница го нападнал пратеникот А.Г., а навредувал и други пратеници и присутни, соопшти МВР.

Оттаму велат дека Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности со цел идентификување и документирање и на други лица учесници во настаните случени на 27.04.2017 во Собранието на Република Македонија, за што јавноста дополнително ќе биде известена.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.