Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре собраниска седница за избор на новата Влада

Вести

Утре собраниска седница за избор на новата Влада

Мандатарот Зоран Заев ноќеска до Собранието на Република Македонија ја достави Предлог-програмата и Предлог-составот на новата Влада.

Седницата за избор на новата Влада претседателот на Собранието Талат Џафери ја закажа за утре во 11 часот, а програмата и составот се истo така веднаш доставени до пратениците.

Радмила Шекеринска е предложена за министер за одбрана, Оливер Спасовски – за внатрешни работи, Драган Тевдовски – за финансии, Никола Димитров – за надворешни работи, Рената Тренеска Десковска – за образование и наука, Горан Сугаревски – за транспорт и врски, Љупчо Николовски – за земјоделство, Мила Царовска – за труд и социјална политика, Дамјан Манчевски – за информатичко општество и администрација, Роберт Алаѓозовски – за култура. Кочо Анѓушев е предложен за вицепремиер за економски прашања, а Едмонд Адеми, Роберт Поповски, Аднан Ќахил, Самка Ибраимовски, Зоран Шапуриќ и Зорица Апостоловска за министри без ресор. Предлозите на СДСМ Заев ги соопшти синоќа на прес-конференција по седницата на Централниот одбор на партијата.

Предлозите на ДУИ беа соопштени ден претходно. Хазби Лика е предложен за вицепремиер за политички систем и односи меѓу заедниците, Бујар Османи за вицепремиер задолжен за евроинтеграции, Садула Дураку – министер за животна средина и просторно планирање, Рамиз Мерко – министер без ресор, Крешник Бектеши – министер за економија и Билен Саљији – министер за правда.

За министер за локална самоуправа е предложен Сухејл Фазлиу, додека за министер за здравство Арбе Таравари. Фазлиу и Таравари се предлози на Алијансата за Албанците.

За изборот на новата влада пратениците треба да се гласаат најдоцна во среда на полноќ, а за неа треба да гласаат најмалку 61 пратеник во 120-членото Собрание.

Партиите од новата владина коалиција (СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците) во Парламентот имаат поддршка од 62 пратеници.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.