Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утре започнува Саемот за вработување и кариера Job Fair

Вести

Утре започнува Саемот за вработување и кариера Job Fair

Во организација на Бордот на eвропски студенти по технологија-БЕСТ Скопје од утре до 7 мај на комплексот Технички факултети и на Факултетот за дизајн и технологии на мебел и ентериер ќе се одржи второто издание на 11-от по ред Саем за вработување и кариера-Job Fair Vol.2.

Саемот има цел да им овозможи на студентите да остварат директен контакт со компаниите кои се во потрага по амбициозен и квалитетен работен кадар и да дојдат до работа или пракса во една од водечките компании во Македонија.

– Во деновите кои се предвидени за штандови, компаниите ќе ја изложат својата работа, цели и потреби во однос на бараниот кадар, а студентите ќе можат да се информираат подетално, да постават прашања или лично да си го претстават своето CV. Предвидени се и обуки и презентации од страна на професори и компании на најразлични теми на кои студентите ќе можат бесплатно да присуствуваат, велат организаторите.

Сите заинтересирани студенти може да се информираат за програмата и да го остават своето CV на официјалната страница www.jobfair.org.mk, чија датабаза е достапна за компаниите и студентите во текот на целата година.

Првото издание од 11. Саем за вработување и кариера Job Fair Vol. 1 се одржа од 9-ти до 11-ти март на Градежниот и Архитектонскиот факултет во Скопје. Саемот предизвика голем интерес кај студентите кои се запознаа со можностите за вработување и пракса кај повеќе успешни компании од земјата, велат од БЕСТ.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.