Вести
Утринава приведен Сокол Митревски
Поранешниот градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, заедно со уште неколку други лица, утринава е приведен за злоупотреба на службената положба и овластувањата, дознава МИА од полициски извори.
Според првичните сознанија, што беа споделени во одреднеи медиуми, Митровски е уапсен за незаконска пренамена на земјиште на територијата на општината и за незаконско давање под концесија на земјиште.
Митровски беше градоначалник на општина Ѓорче Петров од 2005 до 2017 година.
Веста за апсењата се уште се проверува во Основното јавно обвинителство Скопје.