Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

УТРО ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА: 36 загинати и 147 ранети во нападот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“

Актуелно

УТРО ПО ЕКСПЛОЗИЈАТА: 36 загинати и 147 ранети во нападот на истанбулскиот аеродром „Ататурк“

Триесет и шест луѓе загинаа во тројна експолозија на бомбаши самоубијци на истанбулскиот аеродром Ататурк, изјави турскиот премиер Бинали Јилдирим.

– Меѓу жртвите може да има и странци, додаде тој. Бројот на ранети е 147, голем дел од нив се со сериозни повреди.

Според Јилдирим, тројца терористи прво пукале врз луѓето пред да активираат на влезот од аеродромот експлозив  што го носеле на себе. Напаѓачите дошле на аеродромот со такси возило. Авионскиот сообраќај од тој аеродром повторно е во функција.

160629024552-24-istanbul-ataturk-airport-explosion-exlarge-169

– Засега сите индиции укажуваат дека одговорни за нападот се припадници на Исламска држава, изјави Јилдирим.

Нападот го осуди генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун кој рече дека е потребна засилена меѓународна соработка во борбата со тероризмот.

Нападот го осудија и САД кои ветија поддршка за Турција која е партнер и сојузник во НАТО.

На три аеродроми во Њујорк и Њу Џерси по нападите во Истанбул, полицијата почна да патролира со тактичко оружје.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.