Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Утрово најладно во Берово, Битола и Струмица

Вести

Утрово најладно во Берово, Битола и Струмица

Во Берово утрово, со измерени минус пет степени, е најладно. 

Како што соопшти УХМР, температури под нулата се измерени и во Битола и Струмица -4, во Дебар, Тетово и Демир Капија -3, во Штип, Скопје, Куманово, Прилеп, Маврово -2, како и во Крива Паланка -1 степен.

Во Охрид, Претор и Гевгелија нула степени, во Тополчани 1, во Виница и Дојран 2, во Пожар и Пожаране 3, во Крушево 4 и во Ѓуриште пет степени.

Времето е ведро и претежно тивко. Магла има во Демир Капија, Дебар и Штип, а слаба магла има во Скопско и Струмичко. На повисоките места особено на североистокот дува северен ветер.

Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло. Претпладне маглата ќе слабее и попладне ќе преовладува сончево време. Ќе дува слаб северен ветер поизразен во источните делови од земјата. Температурата ќе биде во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ведро со утринска магла во делови од котлината. Попладне сончево и релативно топло со слаб северен ветер. Температурата ќе биде до  13 степени.

До вторник ќе продолжи периодот на стабилно, тивко и релативно топло време. Од среда наутро ќе почне да дува претежно североисточен ветер кој ќе ги спушти температурите и ќе донесе зголемување на облачноста, а кон крајот на денот и услови за појава понекаде на слаб краткотраен дожд, а кон исток и слаб краткотраен снег. Во следниве денови, наутро понекаде во долините и понатаму ќе има услови за појава на магла со променлив интензитет.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.