Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вајгл, Ховит и Кукан: Договорот од Пржино мора целосно да се почитува

Актуелно

Вајгл, Ховит и Кукан: Договорот од Пржино мора целосно да се почитува

Тројцата пратеници во Европскиот парламент, Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, кои посредуваа при постигнувањето на Договорот од Пржино на 15 јули минатата година во Република Македонија, ја изразија својата длабока загриженост за развојот на настаните во Скопје и ги повикаа сите главни политички партии во Македонија да работат заедно во интерес на граѓаните и да се вратат за своите обврски од Пржинскиот договор кој според европратениците е „единствениот начин за надминување на кризата“.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, тројката европратеници утринава имаа средба во Европарламентот во Стразбур со еврокомесарот за преговори за проширување Јоханес Хан, посветена на последниот развој на настаните во македонската држава, по што излегоа со соопштение.

– Ние сме длабоко загрижени од последниот развој на настаните во Скопје и не можеме доволно да ја искажеме важноста дека главните политички партии треба да останат посветени на Договорот од Пржино. Договорот мора целосно да се почитува, вклучително и обврските поврзани со заштита и засилување на владеењето на правото во земјата и да се обезбеди дека ќе се одржат кредибилни предвремени парламентарни избори, се наведува на почетокот на соопштението испратено од Вајгл, Ховит и Кукан.

Тројцата европратеници, во продолжението наведуваат дека веруваат оти декларацијата на претседателот Иванов за сеопшта аболиција на сите осомничени што се инволвирани во скандалот со прислушувањето, според нив „може само да го поткопа владеењето на правото“ и „да се зголеми чувството на неказнување меѓу тие што се под истрага или се обвинети од Специјалниот обвинител“.

– Ние сме исто така загрижени дека овој најнов развој на настаните претставува дополнителен голем ризик за стабилноста на земјата и на нејзината посакувана евро-атлантска интеграција и европска перспектива, додаваат тројцата европратеници.

На крајот на соопштението на Иво Вајгл, Ричард Ховит и Едвард Кукан, се наведува дека тие остануваат целосно посветени и отворени за дискусија со политичките лидери во Македонија и дека „постојат начини за враќање назад на последните одлуки и да се обезбеди договорот од Пржино целосно да се спроведува“.

– Тоа е во корист на државата и пред се на македонскиот народ – заклучуваат европратениците во соопштението по денешната средба со комесарот Јоханес Хан.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.