Актуелно
Ванхауте: Постигнат е договор за Изборниот законик
Европскиот посредник во преговорите меѓу партиските работни групи Питер Ванхауте попладнево изјави дека е постигнат договор за Изборниот законик.
Покрај тоа, како што кажа, една партија, без да прецизира која, е разочарана и ги напуштила преговорите поради непочитување на Законот за специјален обвинител.
###