Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вчерашниот земјотрес најсилен после тој во 1963 година

ФОТО: ФЕЈСБУК

Актуелно

Вчерашниот земјотрес најсилен после тој во 1963 година

Земјотресот кој вчера попладне го стресе Скопје, според официјалните податоци бил најсилен земјотрес, по оној во 1963.

Неколку минути после 15 часот земјотрес со епицентар во Скопско на длабочина од 10 километри, го погоди главниот град со сила од 5,3 степени.

Граѓаните во паника ги напуштија домовите. Велат дека ваков страв одамна немаат почувствувано. Траеше кратко но ударот бил застрашувачки.

Во домовите сѐ се тресело. Паѓале слики се кршеле чаши, а распукани се и ѕидовите во голем број згради. Дел од Скопје остана без електрична енергија, а забележани се проблеми и кај водоводната мрежа.

Експертите велат дека земјотресите до 5,6 се силни но не и разурнувачки.

Можело да предизвикаат многу мал број на жртви бидејќи предизвикуваат паѓање само на објектите кои се премногу стари или пак не се градени според стандарди. Големиот земјотрес пак кој се случил после поплава на Скопје во 1961 година, однел 1070 жртви.

Историски пак во Македонија најсилниот земјотрес се случил во Пехчево со магнитуда од 7,4 отсто кој е еден и од најсилните регистрирани во Европа.

Втор регион каде често има појава на земјотреси е Валандово каде по 300 последнователни земјотреси главниот удар бил со јачина од 5,4 степени. И тогаш забележани биле само мали оштетувања по куќите.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.