Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вчеравечер се отвори 27-миот Саем на книгата 2015

Актуелно

Вчеравечер се отвори 27-миот Саем на книгата 2015

Вчеравечер и официјално се отвори 27-миот по ред Саем на книгата. Сите посетители ќе можат да уживаат во луксузот на душата следните 7 дена.

Овогодинешниот Саем на книгата ги обедини сите изложувачи, така што овој саем е со најголема концентрација на книги и автори до сега, како и една од најатрактивните манифестации чиј број на посетители се движи околу 40.000.

– „Сите овие активности и проекти од издавачката дејност кои ги реализираме или се во фаза на реализација, ги потврдуваат нашите заложби за афирмација и достапност на македонската литература на национално и меѓународно ниво и меѓународно ниво и побрза интеграција на македонската книжевност во светските современи текови.”- изјави д-р Елизабета Канческа-Милевска, министерка за култура.

На синоќешното свечено отворање, освен Министерката за култура, д-р Елизабета Канческа-Милевска, свое излагање пред медиумите и присутните имаа директорката на Скопски саем, Даниела Глигоровска, претседателот на Здружението на издавачи и книжари на Македонија, Горјан Лазаревски, како и академик Катица Ќулакова, кои го прогласија овој Саем за отворен и ги поздравија сите оние кои беа дел од свеченото отворање.

– „За овие активности би сакала да се заблагодарам на здружението на издавачи и книжари на Македонија, како и на здружението на Албанските издавачи на Република Македонија како долгогодишни соработници на Скопски Саем во реализацијата на Саемот на книгата.”- изјави Даниела Глигоровска, директорка на Скопски Саем

Во Метрополис Арена, на 3.000м2, повеќе од 70 издавачи се дел од 27-миот по ред Саем на книгата 2015, меѓу кои најпознатите домашни, но и од регионот и Европа. Шведска, Италија, Косово, Албанија и Србија се земјите кои се гости издавачи.

Над 50.000 наслови имаат за цел да ги импресионираат сите посетители и присутни. Работното време на Саемот на книгата е од 10:00-20:00 часот. Цената на влезниците за Саемот на книгата за посетители е 30 денари, а за организирани групни посети – 20 денари.

Вообичаено богатата понуда на издавачката продукција овозможуваат силна конкуренција за избор на најдобро издание меѓу двата саема, најпродавана книга на Саемот, како и наградата за најдобар книжар на годината во Македонија кои се доделуваат од страна на Здржението на издавачи и книжари на Република Македонија, годинава – во сабота 9 мај во 19.00 часот.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.