Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вечерва граѓаните повторно ќе го „гушнат“ ГТЦ

Актуелно

Вечерва граѓаните повторно ќе го „гушнат“ ГТЦ

За вечерва, со почеток во 20:00 часот, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ најавува голем концерт и гушкање на ГТЦ со кој практично ќе заврши широката граѓанска кампања „Излези за ГТЦ“ по повод референдумот за изгледот на градскиот трговски центар кој ќе се одржи в недела.

Организаторите најавуваат спектакл со многу музика, насмевки и прегратки на кој би требало да кулминира љубовта на жителите на Општина Центар кон ГТЦ и нивната одлучност да го задржат автентичниот изглед на објектот кој го доживуваат како свој.

На настанот, пред присутните ќе се обратат претставници на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, претставници од невладините организации кои ја поддржаа иницијативата, но и неколку истакнати граѓански активисти. Сите заедно, на граѓаните ќе им ги упатат последните пораки околу важноста да се зачува оригиналниот изглед на ГТЦ пред и официјално да започне пред – референдумскиот молк кој ќе трае се до крајот на гласањето в недела.

На концертот пак, кој ќе биде дел од овој завршен настан, ќе настапат голем број познати музички имиња како што се Тони Зен + Бенд (Флека), Златко Ориѓански (со изведба на песни од претставата „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и Нон Стоп, како и Самакутра бенд.

Концертот, заедно со големиот завршен настан, ќе започнат утревечер во 20:00 часот пред самиот влез на ГТЦ од страна на плоштадот. Иницијативата „Го Сакам ГТЦ“ ги повикува сите Скопјани, да дојдат и да се забавуваат и уште еднаш да го гушнат ГТЦ пред одржувањето на референдумот во недела на 26-ти април.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.