Вести
ВЕЧЕРВА ЗАМИСЛЕТЕ ЖЕЛБА: Погледнете кон небото, вечерва е Богојавленската ноќ!
Според верувањата на луѓето, во Богојавленската ноќ небото се отвора, а Бог ќе ја исполни секоја желба.
Штом ќе зајде Сонцето, во очи на празникот, христијаните почнуваат да се поздравуваат со „Бог се јави!“, а одговараат со: „Навистина се јави!“.
Нашите предци верувале дека ноќта помеѓу 18. и 19. јануари е време кога небото се отвора и кога Бог се јавува.
Според верувањето, вечер oд полноќ до изгрејсонце треба да ги отворите прозорецот или да излезете надвор, да гледате во небото и на глас да ја кажете желбата која треба да биде јасна и недвосмислена.
18. јануари е Крстовден, голем христијански празник и првиот ден по Божик кога се пости. Во минатото се подразбирало на овој ден да се прават голем број ритуали и обичаи, но денес најголем дел од обичаите се поместени на Богојавление.