Вести
Велигден прославен во Соборниот храм во Скопје (ФОТОГАЛЕРИЈА)
Православните верници го слават најголемиот и највеселиот христијански празник – Христовото воскресение.
Вчеравечер илјадници граѓани се собраа пред Соборниот храм во Скопје, но и во останатите цркви низ скопските општини каде ја слушнаа радосната вест за воскреснувањето на Исус Христос.
Христос воскресна од мртвите, со смртта – смртта ја победи, и на сите што беа во гробовите живот им подари!
Во продолжение погледнете дел од атмосферата низ објективот на нашиот фоторепортер Драган Тануровски: