Актуелно
ВИДЕО: Полицијата ги нападна студентите во читалната „Браќа Миладиновци“
Според информациите кои ги објави Студентскиот пленум, околу 23 часот, полицијата влегла во читалната „Браќа Миладиновци“ и ги нападнала студентите кои биле таму барајќи демонстранти помеѓу нив.
На социјалните мрежи беа објавени и повеќе видеа каде се гледа упадот на полицијата во објектот каде студентите учеле.
„Заедницата на социјалните мрежи споделува монструозни и за жал вистинити наводи дека специјалците вечерва влегле и во читалната “Браќа Миладиновци”, додека бркале некој од демонстрантите!
Според досегашните информации, влегле 50 желки и почнале да ги бркаат и буткаат студентите без никаква причина, притоа заканувајќи им се дека ќе добијат кривични пријави под никаква основа!
НЕМА ПРАВДА, НЕМА МИР!
#ПоздравПленумци“
Во продолжение погледнете ги објавените видео записи: