Вести
ВИКЕНД ПРОГНОЗА: До недела попладне облачно со дожд
Најмногу дожд до осум часот утринава има наврнато во Крива Паланка, а најмалку во Куманово. Последните информации од Управата за хидрометеролошки работи покажуваат дека во Крива Паланка наврнале 66 литри на метар квадратен, а во Куманово 21 литар на метар квадратен.
Освен Крива Паланка, многу дожд има наврнато и во Битола – 48 , потоа во Охрид и Тополчани 46, во Дебар 45, во Претор 44, во Маврово, Виница и Крушево 43, во Пожаране 42, Лазарополе 41, Дојран и Тетово 40, Берово 35 и Штип и Ѓуриште 34 . Триесет литри на метар квадратен дожд има наврнато во Струмица, а под 30 л/м2 во Демир Капија каде до осум часот наврнале 27 л/м2, во Скопје 26, Гевгелија 23 и Прилеп 22 литри на метар квадратен.
Утринава е променливо облачно со повремени врнежи од дожд со умерен интензитет на исток и на североисток, а во Виничко има магла. Дува слаб ветер од променлив правец, а на повисоките места на североисток и во Скопско дува северозападен ветер.
Минималните температури утринава низ целата држава се над нулата.
Во текот на денот се очекува да се задржи променливото време со повремени врнежи од дожд кои ќе бидат поинтензивни на запад и уште повеќе на исток. Локално се очекува да наврнат над 25л/м2, а на југ ќе има и услови за грмежи. На планините над 2000 метри надморска височина ќе има повремен слаб снег. Преку ноќта од запад ќе се прошират нови врнежи кои ќе бидат претежно од дожд, а само на високите планини ќе врне снег и кои во поголем дел од државата врнежите ќе завршуваат во недела, до средината на денот. Температурата денеска ќе биде во интервал од 7 до 13 степени.
Од понеделник ќе преовладува посвежо време со северен ветер, а на планините краткотрајно ќе има провејување на слаб снег. Утринските температури ќе бидат во опаѓање, а веќе од средината на неделата наутро под нулата.