Вести
Со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот
Со 81 глас „за“ вечерва беа изгласaни амандманите за промена на Уставот. Со тоа од македонска страна нема пречка за имплементација на Договорот од Преспа. Сега следува негово гласање во грчкиот парламент.
Во заедничкото соопштение на Владата и партијата Беса објавено непосредно пред почетокот на собраниската седница, се објаснува на кој начин се надминати разликите.
„Уште еднаш се потврдува дека државјанството е македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Притоа е прифатен амандман на Уставниот закон со кој се потврдува државјанството македонско/граѓанин на Република Северна Македонија и се појаснува како ќе гласи за граѓаните Албанци на албански јазик, и ќе се утврди во сите закони каде што е тоа потребно. Истовремено, се прифати амандманот на уставниот амандман 36, со кој се потврдува дека Републиката подеднакво води грижа за дијаспората на сите свои граѓани. Дополнително во законот за лична карта ќе се впише и етничката припадност на граѓаните”, се вели во соопштението.
Во него се наведува и дека сите други работи кои били предложени како амандмани ќе бидат повлечени, затоа што правно формално не е можно да се реализираат сега, а во идно време ќе се работи на нивно решавање.