Вести
Владина делегација положи цвеќе на вечните почивалишта на Трајковски и Глигоров
Владина делегација преводена од премиерот Зоран Заев денеска по повод Денот на независноста положи цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на Република Македонија, Киро Глигоров и Борис Трајковски и на споменикот „Ослободители на Скопје“.
Во составот на владината делегација беа и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и министерката за странски инвестиции Зорица Апостолска
Покрај владината делегација, цвеќе положија и делегации од македонското Собрание, Кабинетот на претседателот на државата, претставници на дипломатскиот кор и граѓани.