Актуелно
ВНИМАВАЈТЕ: Попладне невреме со пороен дожд, грмежи и ветер
Денеска попладне повторно се очекува невреме со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења и силен ветер.
Од УХМР информираат дека претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, додека попладне се очекува да има локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер, особено во северните и источните делови. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме.
Температурата ќе се движи од 24 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје претпладне времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне променливо и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и умерен до засилен северен ветер. Во вечерните часови локално процесите ќе бидат изразени во форма на невреме. Температурата ќе достигне до 33-тиот степен.
Променливо облачно, ветровито и доста посвежо со локален дожд ќе биде и утре. Ќе дува засилен до силен северен ветер, кој на места ќе достигнува брзина и над 90 км/час и ќе предизвика значителен пад на температурата на воздухот.
За време на викендот времето ќе биде стабилно и посвежо со умерен до засилен северен ветер.