Актуелно
ВНИМАВАЈТЕ: Вечерва и утре ќе дува засилен ветер до 90 км/час
Времето денеска во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови најпрво на југот и долж Повардарието ветерот ќе биде повремено засилен и ќе достигнува брзина и до 70 км/час.
Утринската температура ќе се движи од два до осум, а дневната од 13 до 17 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе дува повремено засилен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до пет, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Денеска попладне и во понеделник повремено ќе дува засилен југоисточен ветер. Во понеделник брзината на ветерот на моменти ќе надминува 90 км/час. Под влијание на влажен бран во понеделник кон крајот на денот и во вторник ќе има врнежи од дожд, кои ноќта во вторник спрема среда на места во западните делови од земјата и на планините ќе преминуваат во снег. Врнежите во северните делови ќе бидат нешто пообилни.