Актуелно
Во 11 сообраќајки вчера во Скопје, 7 повредени, пајакот отстранил 37 возила
На подрачјето на СВР Скопје вчера се случиле вкупно 11 сообраќајни незгоди, од кои четири се со последици материјална штета, а шест се со последица телесни повреди, во кои со полесни повреди се здобиле шест лица.
Самостојниот инспектор во СВР Скопје Драган Вељаноски за МИА информира дека се случила и една незгода во која со тешки телесни повреди се здобил еден возач на мотоцикл.
Во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, откриени и санкционирани се поголем број прекршоци.
Санкционирани се десет возачи кои не ги почитувале ограничувањата на брзината на движење, тројца возачи се исклучени од сообраќај затоа што ги управувале своите возила под дејство на алкохол. Девет возачи за време на управување на моторните возила, не го користеле сигурносниот појас или го користеле мобилниот телефон, а седум пешаци поминале вон обележан пешачки премин, или пак поминале на црвено светло на семафорот за пешаци.
Со помош на специјалното возило во текот на изминатиот ден отстранети се 37 возила.
Во делот на превентивните активности денеска ќе одржиме едукативни работилници со учениците од второ одделение во ОУ „Стив Наумов“ општина Гази Баба во рамки на сообраќајно едукативениот проект „Едукативен автобус“. Одделението за превенција при СВР Скопје ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП со учениците од трето и четврто одделение од ОУ„Ацо Шопов„ општина Бутел.
Денеска со почеток во 10:00 часот поранешните вработени на Охис, ќе одржат мирен протест на бул. „Илинден“ пред зградата на владата на Р. Македонија.
Со цел непречено и безбедно одвивање сообраќајот, од наша страна ќе бидат превземени соодветни мерки за сообраќајно обезбедување, а во зависност од моменталните состојби од наша страна сообраќајот може да биде пренасочен.