Актуелно
Во Австрија заврнаа 50 сантиметри снег
По летото со рекордни горештини, во Австрија пристигна постудено време кое ги донесе и првите снежни врнежи – на територијата на покраината Салцбург, падна половина метар снег.
На планината Гросглокнер, на територијата на покраината Салцбург, денеска, од безбедносни причини, е затворен и патот за сообраќај.
Снежната покривка, која го прекри тој дел од Австрија, достигна 50 сантиметри, а меѓу Терла и Хонтор снежните виулици биле многу силни.
Надлежните власти соопштија дека работата на расчистување на снегот, за да патот биде прооден.
Во Бад Гастајн исто така паѓаше снег, па една сообраќајница морала да биде затворена поради снежната прекривка од 40 сантиметри.