Актуелно
Во Белгија прогласена тридневна жалост
Во Белгија попладнево е прогласена тридневна жалост за жртвите од денешните терористички напади во Брисел, јави Танјуг.
Белгискиот министер за внатрешни работи Јан Јамбон во договор со премиерот Шарл Мишел прогласи тридневна жалост, пренесуваат белгиските медиуми.
Одлуката стапи во сила веднаш.
Покрај ова, одлучено е националните знамиња да бидат спуштени на половина копје до 24 март.