Актуелно
Во Берово најстудено, во Маврово 7 сантиметри снег
Најстудено утрово е во Берово, -12 степени, а максимален еден степен е измерен во Претор.
Според информациите на УХМР, висината на снежната покривка во Маврово е 7, а во Лазарополе 5 сантиметри.
Во Скопје Петровец е -10, Струмица и Демир Капија -9, во Куманово и Штип -8, во Скопје и Гевгелија -7, воБитола и Тетово -6, во Крива Паланка -5, во Прилеп и Дојран -4, во Пожаране, Маврово и Ѓуриште -2, во Крушево и Лазарополе -1, а во Тополчани, Охрид и Дебар се измерени нула степени.
Во источните делови од земјата е ведро и постудено, а во западните малку до умерено облачно. Дува слаб ветер од променлив правец.
Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а кон крајот на денот во западните и северозападните делови ќе има локални врнежи од дождво пониските, дожд и снег на повисоките места и снег на планините.Максималната температура ќе се движи од 3 до 10 степени. Во Скопје, сончево со умерена облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 4 степени.
Утре ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег, особено предпладне. Од четврток нашето подрачје ќе потпадне под влијание на циклонска активност и на северно воздушно струење, што ќе предизвика значителна промена на времето. Ќе биде многу студено со врнежи од снег и насекаде ќе се формира снежна покривка, која на планините ќе биде позначителна. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, поради што на места ќе има и снежни наноси.
Во петок и во деновите од викендот температурите ќе бидат многу ниски, како утринските така и дневните и насекаде ќе бидат под нулата. Најстудено преку денот се очекува да биде во сабота, кога максималната температура ќе биде во интервал од -12 до -4 степени, додека минималната за викендот на места ќе се спушти до -20 степени.