Актуелно
Во четврток заеднички марш на средношколците и студентите
ФОТО: Атанас Стојановски / Популарно.мк
Пред фонтаната во Градскиот парк во Скопје во четврток на пладне ќе почне маршот на Средношколскиот пленум што ќе треба да заврши пред зградата на Министерството за образование.
– „По 10 дена бојкот, време е да се собереме сите заедно на улица, средношколците, но и сите што нè поддржуваат во борбата за поквалитетно образование. Нема да дозволиме да се спроведуваат лошите реформи, нема да дозволиме да ни го уништат образованието! Игнорантниот однос на министерот за образование и наука не нè демотивираше, баш напротив, тоа нè поттикна за сè што направивме досега и сè што ќе правиме понатаму. Нашите активности нема да запрат сè додека не бидеме повикани на средба, сè додека нашите барање не се исполнат“, соопшти Средношколскиот пленум.
Во соопштението испратено од Средношколскиот пленум пишува дека на маршот се поканети учениците, родителите, наставниците и студентите и нагласуваат дека маршот е наднационален, надетнички, надрелигиски, непартиски.