Актуелно
Во Франција ќе патролираат 10.000 војници за гарантирање на безбедноста
Во Франција ќе патролираат 10.000 војници за гарантирање на безбедноста, соопштија извори од опкружувањето на премиерот Мануел Валс, пренесува ТАСС.
Ова ниво на мобилизација на вооружените сили ќе биде постигнато до вторникот навечер.
Во петокот претседателот Франсоа Оланд прогласи вонредна состојба во целата земја по нападите во Париз.
Досега во Париз патролираат 4.000 војници, чија бројка до вечерта ќе биде зголемена на 5.000.