Вести
Во мај следуваат продолжен викенд и два неработни дена
Оваа година неработните денови често се поврзуваат со викендот, па ќе одмораме во продолжен викенд повеќе пати во годината, а наредниот продолжен викенд ни е на почетокот на месец мај.
Во текот на мај следуваат уште три државни празници, кои согласно Законот за празници се неработни денови.
- 1 мај (понеделник), Ден на Трудот
- 24 мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам