Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Скопје 11 сообраќајки, повредени девет лица

Вести

Во Скопје 11 сообраќајки, повредени девет лица

На подрачјето на Град Скопје во текот на изминатиот ден се случиле 11 сообраќајни незгоди од кои пет со последица материјална штета и шест со последица телесна повреда.

Со повреди се здобиле тројца возачи на патничко моторно возило, тројца сопатници и тројца пешаци.

Сообраќајната полиција санкционирала пет возачи коишто поминале на црвено светло, седум возачи кои го користеле мобилниот телефон за време на возењето, девет возачи кои возеле со измината сообраќајна дозвола и седум лица кои возеле без возачка дозвола.

Со помош на специјалното возило „пајак“ отстранети се 66 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.

Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај денеска ќе одржи сообраќајна поука со почеток во 19 часот во Полициската станица од општа надлежност Гази Баба на која ќе присуствуваат граѓани коишто сториле прекршоци по различни основи во својство на пешаци.

Едукативни предавања ќе се одржат со учениците од четврто одделение во основното училиште „Тефејуз“ во општина Чаир.

За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.