Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во Скопје фрлени 455 тони сол

Вести

Во Скопје фрлени 455 тони сол

Екипите на Зимската служба на Град Скопје ги чистат булеварите и магистралните улици што се во нивна надлежност, а со сол се поминати и т.н. „критични точки“. Во текот на вчерашниот ден и изутрината на градските улици и булевари фрлени се 455 тони индустриска сол.

Како што информира Град Скопје, зимската служба на терен интервенирала со механизацијата на јавното претпријатие „Улици и патишта“, односно со 19 разновидни возила и машини (16 возила на зимска служба и три грејдери, а на располагање е и механизацијата на преостанатите јавни градски претпријатија.

Пунктот на ЈП „Улици и патишта“ во Припор синоќа го посети и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој ги координираше активностите на зимската служба.

Град Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Апелираат до сите стопански субјекти во градот и до сите граѓани, кога ќе падне снег, да ги почитуваат законските обврски и да го расчистуваат снегот и мразот од пристапите до нивните деловни, односно станбени објекти.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.