Вести
Во Скопје утре ќе се прска против комарци
Третата фаза од авионската и терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре, додека четвртата фаза од терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци ќе почне в понеделник, информираат од Град Скопје.
– Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се изврши утре во раните утрински часови, а терестричната дезинсекција против ларви од комарци во текот на денот. Терестричната дезинсекција, пак, против возрасни форми на комарци, ќе почне в понеделник и ќе заврши најдоцна до петок на 7 септември, соопшти Град Скопје.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, авионското прскање ќе се изврши првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, а согласно на тоа ќе се извршува и терестричната дезинсекција.
Градските власти ги повикуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.