Актуелно
Во Скопје викендот 37 сообраќајки, пајакот отстранил 176 возила
Во текот на изминатите три дена на подрачјето на Град Скопје од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно 37 сообраќајни незгоди.
На 2. октомври, петок, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 11 сообраќајни незгоди. Од нив, пет се последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило, еден велосипедист, еден пешак и еден мотоциклист.
Се случиле и две незгоди со последица тешка телесна повреда во кои со тешка телесна повреда се здобиле еден патник во автобус и еден пешак.
На 3. октомври, сабота, извршен е увид на вкупно 14 сообраќајни незгоди. Од нив, 11 се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца пешаци.
Се случила и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешка телесна повреда се здобил еден пешак, а со полесна повреда се здобиле еден возач на патничко моторно возило и двајца сопатници.
На 4. октомври, недела, сообраќајната полиција изврши увид на вкупно 12 сообраќајни незгоди. Од нив, седум се последица материјална штета и четири се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле двајца возачи на патничко моторно возило, еден сопатник и двајца велосипедисти.
Случена е и една незгода со последица тешка телесна повреда во која со тешка телесна повреда се здобил еден возач на мопед.
Во текот на викендот од страна на сообраќајната полиција откриени и санкционирани се 90 возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, 157 возачи не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, од нив 34 возачи со возилото се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, како и 12 возачи кои не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците. Санкционирани се и 66 пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин или, пак, поминале на црвено светло на семафор.
Со помош на специјалното возило „пајак“ викендов од страна на сообраќајната полиција отстранети се 176 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Денеска Отсекот за превенција при Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје ќе одржи едукативни работилници во основните училишта „Александар Македонски“ и „Димитар Македонски“ со учениците од второ и четврто одделение.
За денеска нема најавено вонредни настани со што се очекува сообраќајот да се одвива тековно и според постоечката сообраќајна регулатива.