Вести
Во скопско Лисиче синоќа се дишел најзагаден воздух
Во сите скопските општини во текот на изминатото деноноќие жителите дишеле загаден воздух. Мерните станици на Минситерството за животна средина и просторно планирање на сите мерни станици регистрирале повисоки концентрации на ПМ10 честичките, а највисоката е забележана во Лисиче.
На мерната станица во Центар највисока вредност од 112,6 микгрограми на метар кубен ПМ10 честички се регистрирани во 9 часот. Во останатиот дел од денот концентрациите се движеле од 70 до 105 микрограми. Утринските мерења на оваа станица покажуваат вредности околу 60 микрограми, што е над дозволените 50 микрограми на метар кубен.
Во Гази Баба мерната станица ја регистрирала највисоката вредност од 140 микгрограми во 18 часот вчера. Најзагадено било меѓу 15 и 18 часот и од полноќ до два часот кога концентрациите биле над 100 микгрограми. Оваа мерна станица регистрирала и период од 10 до 12 утрото кога концентрациите биле во рамки на дозволеното.
Во Карпош концентрациите на ПМ10 честичките се движеле од 70 до 168 микрограми. Најзагадено било вчера утро во осум часот кога се регистрирани концентрации од 168 микрограми, а загаденоста била голема и во периодот од 18 чсот до полноќ со концентрации над 100 микрограми на метар кубен. Од утрово се околу 60 микрограми.
Најзагаден воздух во изминатото деноноќие е регистриран во Лисиче со измерени 486 микрограми на метар кубен ПМ10 честички во 18 часот и 452 микрограми во 19 часот. Од 20 до два часот по полноќ во Лисиче концентрациите се движеле над 100 и околу 100 микрограми. Од утрово таму се забележани повисоки концентрации и се измерени 94, потоа 84 и 82 микрограми на метар кубен.
На мерната станица кај Ректоратот воздухот бил загаден во целиот период освен мрењето во 12 часот вчера на пладне кога се регистрирани 28,9 микрограми. Од 14 часот вчера па се до пет часот утрово концентрациите на ПМ10 честичките се над 100 микрограми. Утрово се движат од 92 до 82 микрограми.
И во другите градови во одредени периоди воздухот бил загаден. Па така во Битола било најзагадено од 17 часот до еден часот по полноќ, во Кичево од 16 до 20 часот, во Тетово концентрациите на ПМ10 честичките се движеле од 40 до 98 микрограми, во Велес загаден бил воздухот меѓу 19 и 21 часот, во Кочани од 17 до 23 часот при што во 18 часот се измерени 224 микрограми ПМ10 честички и во Куманово најзагаден бил воздухот меѓу 17 и 18 часот.
Централната и локалната власт најавуваат низа мерки за намалување на загадувањето.
Градот Скопје, заедно со МВР, иницира законски измени со кои при техничкит преглед на возилата секое возило да може еколошки да се мапира и да добие налепница. Потоа градските власти ќе можат административно да ги исклучуваат возилата што реално придонесуваат за загадување на воздухот. Како мерка е и воведувањето скалесто зголемување на цената на паркирањето во Скопје и намалување на цената на јавниот градски превоз.
Меѓу среднорочните мерки е гасификацијата, како и намалување на цената на парното греење за да се стимулираат граѓаните да се приклучат на централното греење.
Според статистиките во последните месеци од годината и јануари има најголемо загадување на воздухот.