Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во сообраќајка кај Кичево повредени 18 работници на РЕК „Осломеј“

Актуелно

Во сообраќајка кај Кичево повредени 18 работници на РЕК „Осломеј“

Осумнаесет работници на РЕК „Осломеј“ се повредени од кои деветмина тешко во сообраќајна несреќа што изутринава се случи кај кичевското село Мамудовци, на региналниот пат што од Кичево води кон Осломеј.

Портпаролот на СВР – Охрид, Стефан Димовски, појасни дека од деветмината тешко повредени, шест се итно префрлени во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ кај Охрид, додека тројца во Ургентниот центар во Клиничката болница во Скопје.

Инаку, во несреќата учествувале три возила, од кои две комбиња за превоз на патници и едно товарно возило. До несреќата дошло кога при обид комбето марка „Мерцедес“ да го претекне комбето „Волксваген“, се судрило со товарното возило марка „Форд“. Притоа „Волксвагенот“ излетал од коловозот, додека „Мерцедесот“ удрил во бетонски столб. И двете комбиња се движеле во насока од Кичево кон Осломеј, превезувајќи работници во Рударско-енергетскиот комбинат.

На местото на несреќата е извршен увид на јавен обвинител, додека сообраќајот на регионалниот пат за време на истрагата се одвивал по една коловозна лента, со наизменично пропуштање возила.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.