Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Во стручните училишта запишани 1000 ученици повеќе од гимназиите

Актуелно

Во стручните училишта запишани 1000 ученици повеќе од гимназиите

На првото пријавување во јунскиот уписен рок за запишување во средните училишта во Македонија запишани се 12.007 ученици, од вкупно 17.948 пријавени.

Од запишаните, најголем дел или 6.405 ученици се во стручно образование, а 5.416 ученици во гимназиско образование. Во спортската гимназија запишани се 186 ученици.

Од вкупниот број ученици кои се запишале во средните училишта, 8.893 ќе следат настава на македонски јазик, 2.839 ученици за настава на албански наставен јазик, 107 ученици за настава на турски наставен јазик, а запишани се и 168 повторувачи.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок има за вкупно 23.017 ученици од кои најголем дел, или 15.392 слободни места за настава на македонски наставен јазик, 6.728  слободни места за настава на албански наставен јазик, 845  слободни места за настава на турски наставен јазик, 34 слободни места на српски наставен јазик и 18 слободни места за повторувачи.

Од извештаите за бројот на пријавени, запишани ученици, како и бројот на слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, од јавните средни училишта во Република Македонија може да се види уписот во гимназиско образование е завршен во СУГС Гимназија „Никола Карев“ СУГС Гимназија „Орце Николов“, СУГС „Зеф Љуш Марку“ , СУГС „Георги Димитров“, СУГС „ Раде Јовчевски Корчагин“, сите во Скопје и СОУ   „Јосип Броз Тито“ – Битола.

Уписот во стручно образование е завршен во СОУ „Димитар Влахов“ – Струмица, во здравствена струка, СОУ „Наце Буѓони“ – Куманово во здравствена струка за паралелките на албански наставен јазик, СОУ „Ѓорче Петров“ – Прилеп, во здравствена струка, СМУГС „ Д-р. Панче Караѓозов“ – Скопје, во здравствена струка и тоа за образовните профили: медицинска сестра на македонски и албански наставен јазик, забен техничар и фармацевтски лабораториски техничар на албански наставен јазик и физиотерапевтски техничар на македонски наставен јазик.

Уписите се завршени и во СОУ „Јосиф Јосифовски“ – Гевгелија во угостителско – туристичка струка за образовниот профил хотелско туристички техничар, СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани во сообраќајна струка за образовниот профил техничар за транспорт и шпедиција, СУГС „Цветан Димов“ – Скопје, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил продавач, СУГС „Лазар Танев“ – Скопје, во угостителско – туристичка струка за образовниот профил угостителски техничар, СОУ „Нико Нестор“ – Струга, во економско, правна и трговска струка за образовниот профил економски техничар на македонски наставен јазик, и СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип, во угостителско – туристичка струка за образовниот профил келнер – готвач.

Во вкупниот број на запишани ученици и слободни места за второто пријавување, не е пресметан бројот на учениците од средните музички училишта и средното училиште за применета уметност бидејќи учениците во тие училишта полагаат дополнителни испити.

Слободни места за второто пријавување во првиот уписен рок, има и во гимназиското и во стручното образование. Во гимназиите слободни се 5.635 места, во стручните училишта 17.330 места, а 52 слободни места има во спортска гимназија.

Слободни места за запишување на ученици за второто пријавување во првиот уписен рок има во сите општини и Градот Скопје во Република Македонија. Второто пријавување од јунскиот уписен рок и запишување на учениците ќе се реализира на 29 јуни и 30 јуни, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 1 јули 2015 година.

Според податоците на МОН, во Република Македонија во учебната 2014/2015 година деветто одделение завршиле вкупно 21 876 ученици. Согласно измените на Законот за средно образование, средното образование од учебната 2008/2009 година е задолжително за сите ученици. За таа цел се обезбедени доволен број на слободни места, вкупно 35.443 во сите јавни средни училишта во Република Македонија.

Првото пријавување во првиот уписен рок во јавните средни училишта во Република Македонија за учебната 2015/2016 година беше на 22 и 23 јуни 2015 година, а резултатите од запишувањето и слободните места се објавија на 24 јуни 2015 година.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.