Вести
Во вторник најстудено, температурата ќе падне под 15 степен
Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово, при што најстудено било во Берово (-14), во Битола, Лазарополе и Струмица (-12), во Прилеп и Маврово (-11), во Крушево (-10), додека во Скопје, Тетово и Куманово температурите паднале до минус 4.
Утрово времето е значително облачно и многу студено, со локални врнежи од снег во Лазарополе, Тетово и Маврово, а се очекува да дува и краткотрајно засилен северозападен ветер поизразен на северот.
Во наредниве денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури неколку степени под или околу нулата, а најстудено се очекува да биде во вторник наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под -15 степени.