Актуелно
Воз усмрти жена во Прилеп
Женско лице, чиј идентитет се уште не е познат, го загуби животот откако доцна синоќа во неа удрил патнички воз кој се движел на релација Велес-Битола.
Како што соопшти МВР, до несреќата дошло околу 23 часот и 10 минути на железничката станица во Прилеп. Жената починала на самото место.
Полициската станица Прилеп изврши увид на местото на несреќата. Се преземаат мерки за утврдување на идентитетот на починатото лице и за целосно расчистување на случајот.