Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани

Вести

Воздухот во Скопје и денеска загаден, бесплатен јавен превоз за скопјани

Воздухот во Скопје и изутринава е загаден над дозволеното. Највисоки концентрации на ПМ10 честички повторно има во Лисиче 313 микрограми на метар кубен, кај Ректорат се измерени 182, во Гази Баба 159, во Центар 110 и во Карпош 96 микрограми.

По добиените информации дека квалитетот на воздухот во Скопје последователно два дена е загаден над дозволеното, односно над 200μg/m3, вчера повторно беа активирани мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во градот.

Од владината прес-служба информираа дека министерствата за животна средина и просторно планирање и за здравство се должни да ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот, да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба.

МВР треба да ја активира и да ја спроведе одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата). Единиците на локална самоуправа се должни да го спроведат издавањето одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот, обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз, да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации, дневно чистење на улиците и пешачките површини и да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.

Владата, воедно, ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила.

Се посочува дека градежните компании имаат обврска да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.), а градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро.

Во меѓувреме, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција вчера соопшти дека поради загаденоста на воздухот над дозволеното ниво, се воведува бесплатен градски превоз за скопјани. Мерката стапува на сила веднаш и оти важи подеднакво за автобусите на ЈСП и за приватните превозници.

– Оваа мерка ќе трае се до моментот на намалување на загадувањето, за што дополнително ќе бидеме известени од страна на Министерството за животна средина, рече Шилегов и додаде дека автобусите ќе бидат со зачестена фреквенција.

Тој апелираше граѓаните без потреба да не користат возила, а доколку мораат да ги користат, во нив да се возат повеќе лица. Побара и да не се користат несоодветни материјали за затоплување на домовите.

Најави дека Градот Скопје ќе ги прекине сите градежни активности што се под негова ингеренција и препорача и градоначалниците на скопските општини да го направат истото. Најави дека ќе се зголемат и инспекциските контоли на градилиштата, особено на возилата кои излегуваат од градилиштата, а зајакната контрола ќе има и за доставувачите на стоки.

– Ги повикувам градоначалниците на општините во градот Скопје да ги интензивираат инспекциските надзори над субјектите кои управуваат со отпадни гуми и отпадни масла, рече Шилегов.

Воедно, посочи дека ќе го задолжи ЈП „Комунална хигиена“ да ги мие со вода улиците и булеварите кои се во надлежност на градот, а тоа побара да го направат и градоначалниците на скопските општини.

Скопскиот градоначалник ги повика МВР и МЖСПП, Државниот инспекторат за животна средина и општините да извршат засилени контроли над инсталациите што се под нивни ингеренции.

– Го повикувам Министерството за внатрешни работи да спроведе ограничување на обуките на автошколите од 9:30 до 14:30 и по 18 часот, како и и да ги зајакне контролите за почитување на забраната за движење тешки товарни возила чијашто крајна дестинација не е Градот Скопје, и да ги упатуваат да ја користат скопската обиколница, во согласност со поставената сообраќајна сигнализација. Барам од МВР да врши зачестени контроли на издувните гасови на возилата кои учествуваат во сообраќајот, потенцира Шилегов.

Според него, сите возила на Град Скопје нема да се користат за службени потреби освен за инспекциските служби, а тој рече ќе користи јавен превоз или електричното возило на Градот што не загадува.

Воведувањето на мерката за бесплатен градски превоз ги чини скопјани по седум милиони денари дневно.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Вести

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.