УХМР: Попладне невреме со дожд и грмотевици, утре посвежо за 10 степени
Денеска доцна попладне и во вечерните часови нашата територија ќе биде под влијание на судир на две воздушни маси (многу топлата од југ и значително посвежата од север).
Токму ова ќе услови на повеќе места развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер и тоа особено во северната половина од државава, локално ќе има појава на НЕВРЕМЕ проследено со обилен пороен дожд, силни и чести електрични празнења, силен ветер и појава на град кој локално има услови да биде од поголема величина. Во ваква ситуација граѓаните да бидат КРАЈНО ПРЕТПАЗЛИВИ и да внимаваат каде ги оставаат своите автомобили односно истите да не бидат во близина на дрвјата.
Утре ќе имаме многу пониски температури за разлика од сега, истите ќе бидат пониски за 8 до 10 степени во однос на сегашните и ќе се искачуваат во интервалот од 25 до 34 степени. Овој пад на температурите на воздухот особено ќе се почувствува во северната половина од државава.
Страшно невреме ќе го зафати и Балканот и регионот поради овој судир на овие две воздушни маси.