Временска прогноза
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Променливо облачно со локален дожд – од утре нагло затоплување
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно, попладне со пороен дожд и грмежи. Локално процесите повторно ќе бидат поинтензивни, и со услови во форма на невреме со пообилни врнежи, грмежи, засилен ветер и појава на град, соопшти УХМР.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 23 до 30 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Температурата ќсе движи од 15 до 27 степени.
Од утре под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на претежно сончево и потопло време со значителен пораст на температурите.