Времето денеска променливо облачно, со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во источните делови.
Утринската температура ќе се движи од пет до 13, а дневната од 15 до 26 степени.
Во Скопје, облачно со сончеви периоди. Утринската темпратура ќе се спушти до 10, а дневната ќе се искачи до 24 степени.