Актуелно
ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Обилни врнежи и пад на температурата за 8 степени
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд особено претпладне. Во текот на денот врнежите ќе престанат, а дожд повторно ќе врне кон крајот на денот и во вечерните часови. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од осум до 15, а дневната од 11 до 17 степени.
Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер, а во раните утрински часови се уште ќе има слаби врнежи од дожд. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 15 степени.
Пообилни врнежи повторно ќе има во четврток кога на повеќе места се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен. Температурата ќе опадне за пет до осум степени во однос на денешната.